ВИДЕО | Неверојатна сцена во Еквадор: Репортерска екипа ограбена во емисија во живо

ТВ репортер од Еквадор и неговата снимателска екипа уште долго нема да го заборават прилогот кој го снимале, за време на кој стравувале за својот живот откако маскиран разбојник извадил пиштол за време на програма во живо.

Дијего Ординола, новинар на еквадорскиот спортски канал на 12 февруари известувал пред стадионот Исидро Ромеро Карбо, кога му се приближил маскиран човек кој извадил пиштол.

Снимката од овој настан првично е објавена на Твитер и на неа се слуша како маскираниот напаѓач ги бара мобилните телефони на членовите на репортерската екипа. Откако еден од нив му го предал својот мобилен, тој седнал на мотор и избегал, додека камерата цело време го следела.

Видеото кое Ординола го објавил е прегледано над 100.000 пати и од тогаш се шири на социјалните мрежи.

Репортерот додал дека случајот е пријавен во полиција, која тврди дека ќе го фати разбојникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот