ВИДЕО: Неверојатна глупост на соиграч на Елмас, се расфрлаше со пари на роденденска забава па дозна дека е позитивен на корона

Нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен минатото лето пристигна во Наполи од Лил во трансфер вреден 70 милиони евра, но засега изгледа дека инвестицијата не се исплати.

Осимен во првиот дел од сезоната во Серија А постигна само два гола иако како оправдување може да му служи тоа што долго време беше и повреден.

Сега, за време на мини паузата во Серија А, Осимен направи неверојатна глупост со која ги разбесни тренерот Џенаро Гатузо и претседателот Еурелио де Лаурентис, тој додека беше на одмор во Нигерија се зарази со коронавирус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by team ⤧ arrow (@equipoarrow)


Осимен во Неапол се врати по роденденската забава во негова чест на која не носеше заштитна маска, а се чини дека и се грижел и за останатите.
На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како Осимен се расфрла со пари на музиката.
Поради оваа глупост, Гатузо побара фудбалерот да биде казнет, а управата одлучи тоа да бидат две неделни плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот