ВИДЕО | Неверојатен трик кој воодушеви илјадници луѓе: Едноставен начин како да го решите проблемот со лепливите тави

Софи Луиз на социјалната мрежа „ТикТок“ сподели трик со чија помош успеа „да ја врати во живот“ својата тава за готвење на која веќе била речиси неупотреблива.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 3,4 милиони пати, а многумина не го криеја своето воодушевување.

Имено, вообичаениот проблем со нелепливите тави е што со текот на времето се оштетува облогата што спречува лепење на храната која се приготвува во истите. „Дали имате тава што би требало да биде нелеплива, но сега сè се лепи на неа?“, Софи ги праша своите следбеници.

@s_lou92

Frying pan hack if it sticks. #LiftLockPop #moneysavingtips #cleaninghacks #deepclean #cleaningaccount #fryingpan #fyp #foryou #tablesalt

♬ original sound – Sophie Louise

Според нејзините упатства, сè што ви треба е обичен детергент за миење садови и мек сунѓер. Измијте ја тавата и исушете ја. Потоа ставете ја тавата на шпорет и почекајте да се загрее. Потоа рамномерно ставете кујнска сол во истата. По неколку минути, избришете ја солта со влажна кујнска хартија или крпа. Софи вели дека овој трик најдобро функционира на тава од леано железо, а на крајот го покажа својот успех пржејќи јајце.

Луѓе, ова навистина функционира. Се занимавав со угостителство три години и таму го научив овој трик“, беше еден од коментарите.

Мислам дека ова функционира затоа што солта ги отстранува нечистотиите од површината на тавата… Многу готвачи го користат овој трик“, потврди друг корисник на „ТикТок“.

Нема шанси! Само што ја фрлив тавата затоа што почна да лепи“, коментираше трет корисник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот