ВИДЕО: Неверојатен актер, дајте му „Оскар“ – Бускетс се враќа од „мртвите“!

Не му е првпат Серхио Бускетс да ги покаже актерските способности на фудбалските терени/Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс уште еднаш ги покажа своите актерски способности.

Овој пат на дуелот со Динамо од Киев неколку секунди се изврте на теренот како да се работи за посериозна повреда по контакт со противничкиот играч.

А потоа веднаш стана откако ривалот повторно дојде до топката и продолжи, и продолжи без никакви потешкотии кон својот казнен простор.

Дополнително на сето тоа, Бускетс освен што е познат како извонреден играч, во минатото ги покажа и своите актерски способности, па на Јутјуб е направена компилација од неколку видеа наречени „Топ шест пати кога Серхио Бускетс за малку ќе умреше“.

Наскоро таа компилација би можела да биде дополнета со овој клип од дуелот против Динамо Киев.

ВИДЕО: Роналдо го спаси Јунајтед од пораз, Фати и донесе победа на Барселона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот