ВИДЕО | Нетанјаху му порача на Бајден: Да го зајакнеме сојузништвото меѓу САД и Израел

Фото: EPA/AVI OHAYON/GPO/HANDOUT ISRAEL OUT EDITORIAL USE ONLY

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика денеска новиот претседател на САД, Џо Бајден да го „зајакнат сојузништвото”, со цел да се соочат со „заедничките предизвици, како што е заканата од Иран.

– Се радувам на соработката со Вас, да го зајакнеме сојузништвото меѓу САД и Израел, да продолжиме да шириме мир меѓу Израел и арапскиот свет и да се соочиме со заедничките предизвици, пред се заканата која ја претставува Иран, порача Нетанјаху во видео-снимката честитајќи му го на Бајден стапувањето на должност.

Нетанјаху, кој претходно често повторуваше дека Доналд Трамп е „најдобриот пријател” на Израел кога било во Белата куќа, денеска тврдеше дека „топлото пријателство” со демократот Бајден трае неколку децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот