ВИДЕО: Несторовски не искористи убава шанса против најслабиот во Серија А!

twitter.com/Udinese_1896

Откако во минатото коло беше херој во победата над Торино (2:3), вечерва македонскиот репрезентативец не се прослави во дресот на Удинезе.

Илија Несторовски беше стартер на домашниот натпревар против моментно најслаборангираниот тим во Серија А, Кротоне.

Екипата од Удине после трите победи по ред (над Џенова, Лацио и Торино), на денешниот меч ги разочара своите навивачи играјќи само 0:0.

Македонецот кој настапи до 65 минута на „Дачија“ Арената и беше заменет од Деулофеу, во 32 минута имаше убава шанса да постигне нов гол сезонава по убавото додавање на Де Пол кој истрча скоро пола терен, но нашиот играч не беше успешен во својот обид.

На табелата Удинезе е на 10 место со 14 бодови и во наредното коло на 20 декември ќе му гостува на Каљари. Кротоне е на последната 20 позиција со шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот