ВИДЕО | Несторовски изнуди пенал, Удинезе се спаси од пораз

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Удинезе на македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски одигра 2:2 против Монца, а еден од најзаслужните што Удинезе го избегна поразот беше токму македонскиот фудбалер.

Важеше Удинезе за фаворит, а и поведе со 1:0 со голот на Ловриќ по само 18 минути игра, сепак на стартот на вториот дел гостите го искористија лошиот период во тимот на Удинезе.

По само три минути игра во второто полувреме Колпани изедначи ан 1:1, а осум минути подоцна Ровела погоди за целосен пресврт. Водството на Монца беше актуелно се до завршницата. Во 90-тата минута Несторовски изнуди пенал откако над него стартуваше Петања, а во гол најстрогата казна ја претвори Бето за конечни 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот