ВИДЕО: Несторовски го постигна вториот гол сезонава за Удинезе во Серија А

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Удинезе во претпоследниот натпревар од Серија А сезонава по само 30 минути игра водеше со 0:2 на гостувањето кај Салернитана.

На овој меч во редовите на клубот од Удине од првата минута стартуваше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Нашиот напаѓач во 30 минута по асистенцијата на Аргентинецот Перејра ја зголеми предноста.

Претходно првиот гол за гостите беше дело на Зеегелар во 25 минута, а асистент беше Ловриќ.

За Несторовски ова е втор погодок оваа сезона за Удинезе во најсилното италијанско првенство, првиот го имаше на 12 ноември минатата година во поразот од Наполи (3:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот