ВИДЕО: Несторовски е херој на Удинезе, му донесе три бода на својот тим

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна победоносниот гол за Удинезе во триумфот вечерва на гостувањето кај Торино со 3:2 во рамки на 11. коло во италијанската Серија А.

Несторовски голот вреден три бода за својот тим го постигна во 69. минута, само седум минути откако влезе во игра на местото на Переирa.


Гостите поведоа со голот на Пусето во 24. минута, додека во 54. Де Паул зголеми на 0-2. Сепак, следеше мал пад па во само две минути (66. и 67.) преку Белоти и Бонацоли домаќините израмнија на 2-2 по што на сцена стапи Несторовски.За македонскиот репрезентативец ова беше премиерен гол во Серија А сезонава, во неговиот прв натпревар во дресот на Удинезе од 2 октомври.

По третата победа во низа, Удинзе сега има 13 бодови по десет одиграни натпревари во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот