ВИДЕО: Неспортски потег на Ибра, нема да игра во првиот меч од баражот

Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ/Фото: EPA-EFE/Christine Olsson/

Фудбалската репрезентација на Шведска беше поразена од Шпанија и низ бараж ќе мора да се бори за пласман на Светското првенство.

Во доигрувањето оваа скандинавска селекција во првиот меч од баражот, или полуфиналето ќе игра без Златан Ибрахимовиќ кој доби жолт картон после неспортски потег.

Сета фрустрација кај Швеѓаните и нивната најголема ѕвезда започна после поразот во минатото коло од квалификациите кога загубија изненадувачки и од Грузија.

Но, сега Ибра ја извлече сета лутина поради резултатите во квалификациската група, со рамо жестоко го удри Сезар Аспиликуета, а судијата Феликс Брих му додели само жолт картон.

Претходно веќе имаше еден жолт картон и според правилата нема да може да игра во првиот меч од баражот.

Покрај Швеѓаните засега во мундијалскиот бараж се наоѓаат уште Македонија, Русија, Шкотска и Португалија.