ВИДЕО: Несекојдневни сосови кои ќе го трансформираат секое јадење

лосос
Фото: Pexels

За повеќето луѓе готвењето за себе, за најблиските и за пријателите е благослов, па дури и да станува збор за обична вечера без причина.

И тогаш, тука е реалноста – доцните заради гужва во сообраќај или состаноци што траат долго или едноставно сте изгубиле мотивација да „создадете“ цел оброк… Кога тоа ќе се случи, сетете се дека фрижидерот е исполнет со намирници од кои можете да направите домашни сосови без напор и истите да ги искомбинирате со најразлична храна.

Сосови што ги топат килограмите, а одлично се комбинираат со месо

Најбрзиот начин до јадења кои изобилуваат со најразлични вкусови можат да бидат токму оние за кои не е потребна повеќечасовна подготовка. Искористете остатоци во фрижидерот, купете готово пилешко или риба, парче тофу, сварете јајца, тестенини или зеленчук, морски плодови или месо само со масло и сол, а потоа испечете ги на скара. Или едноставно земете чипс кој секогаш добро оди со речиси секој сос. Дел од привлечноста на сосовите е токму тоа што не мора да имате точна идеја со што ќе ги комбинирате.

Зелен сос

Мелиса Кларк вели дека постојано има зелен сос во нејзиниот фрижидер преку целото лето, спремен да се комбинира со што и да посакате. „Сè што е зелено и може да си најде местото во теглата со сос“, вели Кларк која оваа идеја ја „позајмила“ од нејзината мајка и со години се одржува семејната традиција, мешајќи билки кои ја истакнуваат нивната летна свежина.

Овој сос се базира на јеменски зачин кој е популарен низ целиот Блиски исток и е одличен во комбинација со фалафел, шаварма, месо на скара и зеленчук а се состои од ким, коријандер, магдонос, малку халапењо, неколку чешни лук, сол, бибер, малку сок од лимон и маслиново масло.

Крцкав чили сос

Овој повеќенаменски сос совршен во комбинација со јајца, месо, морски плодови, салати и тофу. Потребни состојки: ситно сецкан кромид, малку лук, масло, цимет, мешунки од анасон, ѓумбир, црвен пипер, соја сос, шеќер. Без оглед со што ќе го комбинирате, оваа мешавина додава малку возбуда на сè.

Доматен дресинг

Вкусот на летото во лажица. Свежите домати кои ги имаме во изобилство во оваа сезона се совршена комбинација за секој оброк. Се прави за помалку од десет минути. Чери домати, маслиново масло, две чешниња лук (слободно додадете и повеќе ако сте љубител на лук), босилек и сол. Загрејте го маслото во тава на среден оган, додадете ги доматите и оставете ги да се готват околу 2 минути. Додадете лук, сол и бибер. По две-три минути ставете свежо сецкан босилек и послужете.

Нуок Чам

Овој класичен сос кој потекнува од Виетнамската кујна е фузија од лук и чили. Исклучителен сос кој се служи заедно со широк спектар на јадења, додава сладост и арома на ориз, месо на скара и риба. Чаша топла вода, пола чаша бел шеќер, пола чаша свежо исцеден сок од лајм, две средни чешниња лук, мелено чили.

Теријаки сос

Убавината на сосот теријаки е во совршената рамнотежа на солено и слатко без доминација на остар мирис и вкус на лук, чили или какви било други состојки. Можете да додадете зачини, ако сакате, или да се држите до оригиналот. Потребни ви се една чаша вода, малку соја сос, пет лажички кафеав шеќер, една лажица мед, саке, малку ѓумбир, лук, две лажици пченкарен скроб, и малку ладна вода.

Извор: „New York Times“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот