ВИДЕО|Нереална трансплантација на срце: Хеликоптерот кој го носел органот се срушил на покривот на болницата, а потоа му испаднал на докторот од раце!

Twitter / Видео Принтскрин
Twitter / Видео Принтскрин

Хеликоптер кој доставувал срце за трансплантација во болница во источен Лос Анџелес се срушил на покривот на болница, а потоа, откако бил спасено од остатоците од хеликоптерот, срцето му паднало на докторот на под пред успешно да му биде пресадено на пациентот.

За среќа, трите лица во хеликоптерот се живи, пилотот со полесни повреди и другите две без последици и покрај ужасната несреќа. Драматично видео снимено од граѓанин покажува како медицински авион се врти неконтролирано во воздухот и во еден момент пред да се спушти на покривот и губи рамнотежа.

Twitter / Видео Принтскрин
Twitter / Видео Принтскрин

Хеликоптерот успеал да слета на хелиодромот, но се превртел пред да запре на работ на покривот. Болницата потврди дека никој од персоналот кој го пречекувал органот за трансплантација не бил повреден бидејќи сите на време се засолниле.

По приземјувањето, пожарникарите брзо работеле на спасување на срцето од урнатиот хеликоптер. Тие успеале да му го предадат срцето на медицинскиот персонал кој побрзал со него во болницата.

Twitter
Twitter

Но, при брзањето медицинското лице кое го носело органот се сопнало и срцето му паднало на подот. За среќа, немало оштетување на органот и подоцна била извршена успешна трансплантација

Лекарите и директорот се среќни што нема штета на болницата. Хеликоптерот е стабилен иако е превртен настрана од работ на покривот, а бидејќи нема значително истекување на гориво, се очекува наскоро да биде отстранет, пренесува „Дејли меил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот