ВИДЕО | Непријатни сцени во Штутгарт: Докторите го спасуваа животот на унгарски репрезентативец

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Страшна сцена беше видена денеска во Штутгарт каде што играа Унгарија и Шкотска, а во центарот на вниманието беше репрезентативецот на Унгарците Барнабас Варга.

Варга по еден дуел во шеснаесетникот падна на тревникот и остана да лежи без свест. Ситуацијата предизвика страв кај останатите фудбалери, но и сите на теренот.

Останатите репрезентативвци на Унгарија застанаа околу Варга додека докторите му пружаа помош.

За среќа најновите информации од германските медиуми се дека состојбата на Варга е добра и тој сега е свесен и комуницира со докторите.

Според најавите тој ќе ја мине ноќта во болница каде што ќе му биде извршени дополнителни испитувања со надеж дека се ќе биде во најдобар ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот