ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Украинскиот министер за внатрешни работи и поранешен член на парламентот Антон Герашченко давал изјава за украинската телевизија кога во еден момент во кадарот на големиот екран се појавил неочекуван гостин.

Љубопитниот мачор Винстон почнал да мавта со опашката пред камера, барајќи од него внимание, а новинарите не можеле да се воздржат од смеа кога ја виделе симпатичната глетка.

Герашченко тогаш го зел мачорот во раце и го претставил пред публиката, а видеото набрзо стана вирално на интернет.

„Вчера Винстон, односно неговата опашка, случајно стана вирален хит“, напиша Герашченко во објавата.

„Се качи на мојот стол и го побара моето внимание, ништо невообичаено“, објасни тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот