ВИДЕО: Неочекуваната соработка на Дино Мерлин со Сенида предизвика вистинска експлозија на Интернет!

Instagram

Само два месеци откако ја изненади регионалната сцена со долгоочекуваната песна „Ние“ за која сними и видео спот, Дино Мерлин во новата година влезе со нова музичка сензација.

За време на онлајн дочекот на 2021 година, светот се воодушеви од новиот дует на Мерлин со првата дама на балканската трап сцена – Сенида.

Песната „Dođi“ или „Дојди“ предизвика вистинска експлозија на „Јутјуб“ и социјалните мрежи, видеото беше прегледано дури 200.000 пати за помалку од два часа. А сега видеото има 4,406,093 прегледи.

Instagram
Instagram

После долгата и исцрпувачка турнеја „Хотел Национал“, се обидов повторно да го пронајдам својот мир, одмор од светот и луѓето, па решив да отпатувам во еден голем град каде, бегајќи од сè, се обидов да се вратам на себе, за да дознаам дека не можам да бидам сам“, објаснува Дино Мерлин за „Индекс“.

youtube
Принтскрин / Youtube

Така настанаа првите стихови од оваа песна, а Сенида беше совршен партнер за овој дует, како ехо и втор глас“, вели сараевскиот музичар.

Самата најава за оваа, навистина неочекувана, музичка соработка на социјалните мрежи  предизвика ерупција на ентузијазам. Видеото заврши на тренд листите на најгледани видеа во регионот на „Јутјуб“. Без сомнеж „Дојди“ веќе станува радио и интернет хит.

Покрај интересната мелодија на песната, спотот е фасцинантна фузија на традиционалното минато и модерното време. Видеото се снимало во Сараево и Лукомир и е во режија на словенскиот режисер Кукла.

youtube
Принтскрин / Youtube

Соработката со Дино за мене е остварување на сонот, моето срце е исполнето… Уште еднаш си докажав дека она што се сака со целото битие и душа е остварливо. Ова е вистински доказ и мотивација за во иднина. Ништо не е невозможно и сега слободно можам да продолжам да сонувам“, изјави словенско – црногорската пејачка Сенидах.

Instagram
Instagram

Оваа година дефинитивно беше различна за сите нас, времето поминуваше чудно и се случуваа чудни работи. Снимањето го поделивме во неколку фази и секој нареден пат нашата енергија се ширеше и стануваше посилна. Открив и преубави делови од Босна, запознав драги луѓе, а Дино многу добро се грижеше за мене и не дозволуваше ништо да недостасува“, вели 35-годишната пејачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот