ВИДЕО: Немири пред Иранската амбасада во Лондон, 12 луѓе се уапсени, петмина полицајци повредени

Протест пред Иранската амбасада во Лондон/ Фото Tayfun Salci/ZUMA Press Wire / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Најмалку пет полицајци се потешко повредени, а 12 лица уапсени вчера за време на протестот пред Иранската амбасада во Лондон.

Демонстрациите беа организирани поради смртта на 22-годишната Махса Амини која почина во притвор откако на 13 септември беше уапсена од иранската морална полиција поради „носење несоодветна облека”.

На видео-снимките објавени преку социјалните мрежи се прикажани учесници на протестот како извикуваат „смрт за Исламската Република”.

„Мнозинството од присутните во Амбасадата во текот на вчерашниот ден продолжија да се однесуваат одговорно”, додека голема група „се обиде да ја нападне полицијата и демонстрантите”, се наведува во соопштението на „Скотланд Јард”.

Пред Амбасадата во Лондон беа распоредени бројни полициски единици, опремени со шлемови и штитови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот