ВИДЕО | Немири во Грузија: Со солзавец и водени топови растерани демонстранти кои бараат повторување на изборите

Грузија / Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Грузиската полиција синоќа употреби солзавец и водени топови во растерувањето на демонстрантите од пред зградата на Централната изборна комисија во Тбилиси, кои, заедно со опозицијата, бараат повторување на парламентарните избори, тврдејќи дека се нерегуларни.

Илјадници демонстранти се собраа на Главната авенија во Тбилиси за мирно да го изразат својот протест, а помали групи ја гаѓаа полицијата со камења, по што таа реагираше.

Британските медиуми, повикувајќи се на полицијата, јавија дека демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на грузиската ЦИК.

Полицијата преку соопштение појасни дека „откако демонстрантите употребија насилни методи и не ги следеа упатствата, Министерството за внатрешни работи употреби пропорционална сила, во рамките на своите овластувања”.

Според официјалните резултати од изборите, владејачката партија „Грузиски сон” освои 48,2 проценти од гласовите, додека најголемата опозициска партија, „Обединето национално движење”, освои 27,1 процент од гласовите.

Осум опозициски партии најавија бојкот на работата на парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот