ВИДЕО: Немаше препорака дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека никогаш немало протоколи или пак некаква препорака од Комисијата за заразни болести починатите од КОВИД-19 да бидат погребувани во лимени ковчези.

-Ги разгледуваме сите протоколи, имавме дискусија во Комисијата за заразни болести, во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег. Таму стојат некои препораки и протоколи во однос на дезинфекцијата и слично, но никогаш такви дека починатите треба да се погребаат во лимени ковчези, рече на денешната прес-конференција Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

ВИДЕО: Воопшто нема потврда дека лекот „Фавипиравир“ има ефекти во лекувањето на ковид, вели Филипче

Тоа, потенцира министерот за здравство, било така од почетокот на пандемијата.

ВИДЕО: Ковид вакцината, како и секоја друга се прима во општа добра здравствена состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот