ВИДЕО | „Немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени“: Милановиќ за ситуацијата во БиХ и дали земјата е на работ на конфликт

Зоран Милановиќ/ фото: ЕПА

Во четвртокот, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја повтори идејата претставниците на трите конститутивни народи на Босна и Херцеговина да седнат на маса со него, српскиот и турскиот претседател, бидејќи „во таква средина може да се најде задоволително решение“ за кризата во БиХ.

– Додик е последниот проблем на Босна и Херцеговина. Каков е Шмит? Не го познавам човекот, но нема да го избрка Додик со тие детски закани. Додик го претставува српскиот народ во БиХ – изјави вчера Милановиќ.

Милановиќ одговори и на прашањето дали БиХ е на работ на конфликт.

– Не се затоа што немаат леб да јадат, можат да се гаѓаат само со костени. Додик понекогаш е невоздржан, но ние може да се договориме со него за 10 минути, а не за поделба на Босна – изјави Милановиќ.

Изјавата дека луѓето во БиХ немаат „леб за јадење“ и дека можат само да се гаѓаат со костени, предизвика голем интерес кај медиумите од БиХ, а дел од нив изјавата на Милановиќ ја нарекуваат срамна.

– Би сакал овде да гледам како на некакви гаранции на (српскиот) претседател (Александар) Вучиќ. Ќе имаме недоразбирања, но ќе видиме што можеме да направиме во БиХ за да ја задржиме недопрена “ – изјави хрватскиот претседател пред новинарите.

Милановиќ смета дека „само во таква средина може да се најде задоволително решение“.

– Значи, секоја страна, а тоа се трите етнички страни, има некому на кого му веруваат и од другата страна има некого на кого навистина не му веруваат целосно – рече тој.

– Не знам колку Бошњаците му веруваат на Вучиќ, но Србите му веруваат. Доволно ми е – додаде Милановиќ.

Претседателот неодамна го повика премиерот Андреј Пленковиќ да ја усогласи својата политика кон БиХ, а Пленковиќ потоа го нарече „лут поддржувач на Жељко Комшиќ, кого го поддржа против член на ХДЗ“ и додаде дека претседателот сега е „пријател на Додик“.

Милановиќ одговори дека премиерот треба да каже зошто во Брисел дава изјави кои „се на штета на Хрватите“.

– Зборувам за одржување на заеднички фронт, не дисциплински, туку во ставови. А секоја наша кавга во Хрватска предизвикува киселост и мачнина во Мостар, Широки Бријег и Витез – изјави Милановиќ.

На самитот на лидерите на ЕУ во октомври, Пленковиќ рече дека „во ЕУ внимателно ги читаат и не ги одобруваат пораките што доаѓаат од (Милорад) Додик во врска со функционирањето на БиХ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот