ВИДЕО: Нема време за одмор, наредна станица за Алиоски е „Олд Трафорд“!

Фото: EPA-EFE/Rui Vieira/POOL

Македонскиот репрезентативец вчера беше еден од стрелците во победата на Лидс на домашен терен против Њукасл (5:2).

Езгјан Алиоски го постигна првиот гол во Премиер лигата, а клубот од „Иланд роуд“ после петтата победа сезонава е на 13 место со 17 бодови.

Во наредното коло играчите на менаџерот Марсело Биелса ги очекува нов голем предизвик, односно в недела, 20 декември, на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед од 17.30 часот.

„Црвените ѓаволи“ и оваа сезона немаат најдобри резултати, но во пресрет на претстојниот премиерлигашки меч во последните пет натпревари имаат четири победи и едно реми за моментно деветто место со 20 бодови.

– Прекрасно беше да се гледа како пет различни играчи постигнуваат голови (против Њукасл), како и самата транзиција од одбрана во напад. Секогаш е добро по победа, тоа беше важно за нас за моралот и мотивацијата и тимскиот дух на екипата. Никогаш не се предаваме, секогаш веруваме и знаеме со начинот како играме. Успехот ќе дојде, само треба да продолжиме да работиме напорно и тогаш можеме да бидеме среќни. Нема време за одмор, мора брзо да се опоравиме, што е важно. Ќе го анализираме мечот со Њукасл и играта која ќе ја покажеме. Треба да работиме напорно за да дојдеме до нова победа – рече Алиоски по натпреварот со Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот