ВИДЕО: Некој ја потпали божиќната елка пред седиштето на „Фокс њуз“

Фото: Вашингтон пост/Инстаграм/принтскрин

17-метарската божиќна елка која беше накитена пред неколку дена и поставена пред седиштето на американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“ во Њујорк, вчеравечер целосно изгорела, а полицијата уапсила човек кој е осомничен дека ја потпалил, пишува „Њујорк тајмс“.

Елката беше церемонијално осветлена во директен пренос на „Фокс“ во неделата, а една од презентерките на телевизијата извести за пожарот за време на програма во живо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Washington Post (@washingtonpost)

„Ова е плоштадот „Фокс“, пред седиштето на „Фокс њуз“,“ им соопшти на гледачите Шенон Брим, нешто пред полноќ по локално време.

„Се чини дека нашата џиновска божиќна елка, пред само неколку минути, целосно е обвиена во пламен“, рече таа.

Њујоршката полиција соопшти дека еден човек е уапсен под сомнение дека го предизвикал пожарот. Дел од медиумите објавија непотврдена информација дека се работи за бездомник.

Видео на денот