ВИДЕО: Нејмар го урна Манчестер јунајтед во „Театарот на соништата“!

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Вечерва во дербито на петтото претпоследно коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите, на „Олд Трафорд“, ПСЖ славеше со резултат 1:3 против Манчестер јунајтед. Францускиот гигант дојде до трите бода со двата гола на Нејмар, еден беше дело на Маркињос, а за „црвените ѓаволи“ стрелаше Рашфорд.

Во последните мечеви од групата „Х“ ќе се дознае кои ќе патуваат во осминафиналето на ЛШ, а кој како третопласиран ќе оди во Лига Европа. Моментно на табелата по девет бодови имаат Манчестер јунајтед, ПСЖ и Лајпциг. Во последното коло Лајпциг ќе го пречека Јунајтед, а ПСЖ е домаќин на Башакшехир.

Барселона и Јувентус уште еднаш покажаа зошто се поквалитетните екипи во групата „Г“ и од која патуваат во нокаут-фазата. Каталонците и „Старата дама“ со ист резултат 3:0 ги оправдаа фаворитските улоги против Ференцварош, односно Динамо Киев. За Украинците и Унгарците кои моментно имаат по еден бод во генералниот пласман останува во последното шесто коло да се борат за третата позиција која води во Лига Европа.

Во групата „Е“ веќе сè е познато, Челси со вечерашната убедлива победа над Севиља (0:4) го освои првото место. Шпанците уште од претходно се промовираа во осминафиналисти, а денеска Краснодар со триумфот над Рен слави пласман во ЛЕ.

Клуб Бриж триумфираше над Зенит со 3:0 и така ги одржува шансите за учество во следната фаза, а во корист на Белгијците оди и ремито на Лацио на гостувањето кај Борусија Дортмунд (1:1). „Милионерите“ на тој начин се промовираа како учесници во елиминациските борби од елитното европско клупско натпреварување..

На табелата води Дортмунд со 10 бодови, пред Лацио кој има девет, а Клуб Бриж е третопласиран со седум. Во директна пресметка на 8 декември во Рим силите ќе ги одмерат Лацио и Клуб Бриж.

Лига на шампиони 2020/21

5. коло, резултати –

Група „Е“

Краснодар – Рен 1:0
Севиља – Челси 0:4

Табела: Челси 13 бодови, Севиља 10, Краснодар 4, Рен 1.

Група „Ф“

Борусија Дортмунд – Лацио 1:1
Клуб Бриж – Зенит 3:0

Табела: Борусија Дортмунд 10, Лацио 9, Клуб Бриж 7, Зенит 1.

Група „Г“

Ференцварош – Барселона 0:3
Јувентус – Динамо Киев 3:0

Табела: Барселона 15, Јувентус 12, Динамо 1, Ференцварош 1.

Група „Х“

Башакшехир – Лајпциг 3:4
Манчестер јунајтед – ПСЖ 1:3

Табела: Манчестер јунајтед 9, ПСЖ 9, Лајпциг 9, Башакшехир 3.

ВИДЕО: „Бувот“ во финишот се исплаши од „црвените бикови“, Краснодар во Лига Европа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот