ВИДЕО: Неизвесна трка за титулата во Шпанија, четири екипи во само три бода!
Вечерва во 32 коло од најквалитното шпанско првенство на стадионот „Сан Мамеш“ Атлетико Мадрид ги разочара своите фанови со новиот пораз овојпат од Атлетик Билбао (2:1).
После првото полувреме водеше домаќинот со голот на Беренгер во осмата минута, израмни Савиќ во 77 минута, а конечниот епилог го постави Мартинез (86`).
Очекуваме неизвесна пет кола до крајот на сезоната во „Ла Лига“, бидејќи моментно четири екипи се во разлика од три бода.
На првата позиција е Атлетико со 73 бодови, следуваат Реал Мадрид и Барселона со по 71 (напомена само дека клубот од „Камп Ноу“ има еден меч помалку), а на четвртата позиција е Севиља (70) која веќе осум мечеви по ред не знае за пораз во шампионатот.
Во текот на денешниот ден се одиграа уште четири меча, Хуеска-Хетафе 0:2, Селта Виго-Осасуна 2:1, Севиља-Гранада 2:1, а Барса триумфираше кај Виљареал (1:2).