ВИДЕО: Не се предава ниту Лукашенко ниту демонстрантите – уапсени над 700 лица на протестите во Минск

Повеќе од 700 лица се уапсени денеска за време на протестите одржани во Белорусија против претседателот Александар Лукашенко, соопштија организации за заштита на човековите права.

На веб страницата на организацијата за заштита на човековите права „Пролет” вечерва е објавен список на уапсените, на кој се наоѓаат 722 имиња. Повеќето од нив се приведени во Минск, а останатите се во други градови низ Белорусија.

На видео снимки се забележуваат како безбедносните сили влечат мажи и жени кон полициски возила и минибуси. Се соопштува и за повредени демонстранти.

Белоруското Министерство за внатрешни работи потврди дека денеска против демонстрантите во Минск биле употребени специјални средства.

Организацијата „Пролет” соопшти и дека меѓу уапсените има новинари.

Очевидци тврдат дека полицијата употребила солзавец, гумени куршуми и шок бомби, со цел да ги растера демонстрантите.

Околу 15 метро станици во Минск биле затворени со цел да не им се дозволи пристап на демонстрантите до центарот на градот. Интернет мрежата, исто така, била прекината.

Од одржувањето на претседателските избори на 9 август досега, секој викенд во Белорусија се организираат протести против Лукашенко. Опозицијата, светските сили и меѓународните набљудувачи велат дека изборите не биле ниту слободни, ниту чесни.

Шеесет и шест годишниот Лукашенко се наоѓа на чело на Белорусија повеќе од 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот