ВИДЕО | Не се обидоа ниту да одглумат: Срамна „местенка“ во Холандија

Фото: Screenshot

Во фудбалот често пати сме биле сведоци на сомнителни натпревари, но она што ни пристигнува од Холандија не може да се нарече ниту сомнителен натпревар.

Холандскиот третолигаш Спарта Никјерк не се откажува од тужбата откако беше жртва на очигледната „местенка“. Во последното коло Спарта требаше да победи против Стафорд за да ја обезбеди титулата во Третата лига во Холандија и така да обезбеди плеј-оф во кој би се бореле за место во Втората лига.

Спарта не успеа во мисијата и одигра само 1:1, но резултатите на останатите натпревари одеа во нивна корист се до еден неверојатен момент. Тимот на БВВ Барендрехт во последните пет минути постигна три против ГВВВ и го сврти натпреварот од 3:1 на 3:4.

На социјалните мрежи се појави видео од еден од погодоците кој е навистина срамен. Холандските медиуми пишуваат и дека тренерот на Спарта добил порака од фудбалери ГВВВ кои истакнувале дека се срамеле од тоа што морале да го одиграат.

Засега нема конечна одлука за овој случај и за него ќе одлучува дисциплинската комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот