ВИДЕО: Не сакате ова да биде последно што ќе го видите пред смртта од ковид, лекар од САД упати моќна порака

Фото: Profimedia

Лекар од Мисури објави видео во кое покажува што гледаат последно пациените заболени од ковид пред да умрат, јавува Би Би Си.

„Ве молам, слушајте. Не сакам да бидам последната личност која ќе гледа во вашите преплашени очи“, напиша д-р Кенет Реми покрај снимката која ја објави на Твитер.

„Вака изгледа кога дишете 40 пати во минута, кога нивото на кислород е значително под 80. Вака изгледа тоа. Се надевам дека последните мигови од животот нема да ви изгледаат вака. Зошто ова ќе го видите на крајот на својот живот ако не почнеме да носиме маска во јавност“, предупреди тој на снимката.

Лекарот за Би Би Си рече дека снимката ја објавил за да ги предупреди луѓето да носат маски.

„Носењето маски не е ниту приближно нелагодно како чувството кога некој во душникот ви турка пластичен дел“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот