ВИДЕО: Не помогна ниту Леброн со трипл-дабл, Јанг одигра неверојатен натпревар и ја водеше Атланта до победа против Лејкерс
Во еден драматичен натпревар кошаркарите на Аталната славеа победа над Лос Анџелес Лејкерс со 134:132, а вистински лидер во редовите на победничкиот состав беше Треј Јанг.
Јанг одигра неверојатен натпревар во кој имаше дури 20 асистенции. На спротивната страна Леброн Џејмс беше најрасположен со трипл-дабл од 39 поени, 10 скока и 11 асистенции.
Покрај 20 асистенции Јанг зад своето име имаше и 31 поени, по него следеше Де’Aндре Хантер со 26 поени. За издвојување е и настапот на Богдан Богдановиќ кој стигна до бројката од 20 поени.
На останатите средби Бостон славеше победа над Милвоки од 111:105, одличен беше Тејтум со 35 поени, 10 скока и пет асистенции. Јанис Адетокумбо на другата страна реализираше 30 поени со 11 скока.
Од сите екипи изминатата вечер најефикасен беше тимот на Јута кој против Портланд на гости постигна 141 поен. Најголем придонес за победата имаа Јузуан со 22 и Колинс со 20 поени, средбата заврши со резултат 99:141.