ВИДЕО: Не помага ни Кавани, Челси издржа во дербито на „Олд Трафорд“!

Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Денеска во дербито од шестото коло во Премиер лигата без голови (0:0) одиграа екипите на Манчестер јунајтед и Челси. Тоа беше првиот бод освоен на „црвените ѓаволи“ на домашен терен, иако имаа одлични шанси да дојдат и до триумф против лондонските „сини“.

Новото засилување Единсон Кавани дебитираше за Јунајтед од 58 минута како замена за Џејмс, и Уругваецот се најде во добри позиции да ја затресе гостинската мрежа, но безуспешно.

Воедно значаен придонес во ремито на Челси имаше и неговиот голман Едвард Менди кој имаше феноменални одбрани во текот на натпреварот на „Олд Трафорд“.

 

Клубот од „Стемфорд бриџ“ останува на шестата позиција со девет бодови, додека Манчестер Јунајтед се наоѓа дури на 15 место со седум.

Играчите на Оле Гунар Солскјер во наредната рунда ги очекува уште еден тежок меч, повторно на домашен терен на 1 ноември против Арсенал, додека фудбалерите на Френк Лампард на 31 октомври гостуваат кај Барнли.

Во текот на денешната саботна програма тимот на Фулам загуби минимално од Кристал Палас со резултат 1:2.

ВИДЕО: Нов кикс на Сити, Фоден го спаси Гвардиола во Лондон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот