ВИДЕО: Не можете да ги платите сметките? Обратете се во Ways2help

Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

Веќе десет месеци функционира иницијативата Ways2help во рамки на која им се помага во плаќањето сметки на сиромашни граѓани. Волонтерите уште првиот ден знаеле дека акцијата ќе биде успешна акцијата бидејќи за само неколку часа биле платени сите седум сметки поставени на платформата.Од тогаш до сега се платени 296 сметки, пријавени се 260 донатори а помогнато им е на околу 100 семејства. 

-Идејата беше да ги поставиме на платформа сметките на социјално загрозени семејства. Ние како иницијатива немаме отворено трансакциска сметка и до нас не стигнуваат паричните средства. Помагаме само во посредување при плаќањето. Им се помага на семејства кои им се познати на хуманитарните организации кои што директно им помагаат, но во секое време можат да не исконтактираат сите кои што имаат потреба да им биде платена сметка, рече Ана Секуловска во Утрински брифинг.

Откако донаторот ќе плати одредена сметка, задолжително е да достави доказ, со цел поголема евиденција во процесот на плаќање. Иницијативата во моментов работи на овозможување донации и на парични средства за да може да се платат и поголемите сметки, кои им заостануваат на платформата, бидејќи мал е бројот на донатори кои одлучуваат да ги платат високите износи на заостанатите сметки.

Сите кои сакаат да платат сметка, или оние на кои им е потребно некој да им ја плати сметката можат да се обратат до иницијативата на социјалните мрежи, оставајќи лични податоци за да бидат исконтактирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот