ВИДЕО: Не е чудно што има гужва – само 1. 050 паркинг места на Клинички, а месечни карти добиле 1.500 доктори

Изградба на нова монтажна гаража, во состав на монтажната ковид болница најави директорот на Градски паркинг. Тој во изјава за Слободен печат рече дека очекувањата се до крајот на 2021 година да биде готова гаражата која ќе има капацитет од 300 места.

– Во составот на монтажната ковид болница планираме да изградиме и монтажна гаража, со што паркинг просторот ќе го зголемиме за околу 300 места. Овој инвестициски зафат е внесен во програмата на Градот за 2021 година, така што до крајот на годината се очекува да биде реализиран. За разлика од претходно сега има и улично паркирање, што барем малку ја подобрува состојбата со паркирањето во Клиничкиот центар, рече Јакимовски.

ВИДЕО: Три години глумат редари на паркингот на Клинички, наплаќаат пари, а полицијата не реагира

Градски паркинг минатата година го изгради паркиралиштето пред Гинеколошко-акушерската клиника во Клиничкиот центар, со што се обезбедија нови 350 места за паркирање, но граѓаните се уште имаат потреба од слободни паркин места, бидејќи во моментов паркингот на Клинички центар располага со 1.050 паркинг места, но дури 1.500 паркинг места се резервирани за вработените. 

Во 2021 година не е предвидено поскапување на цените за паркирање.

– Цените за паркирање кај нашите конкуренти, вклучително и Паркинзи на општина Центар се зголемени. Тоа е причина возачите да ги избегнуваат нивните паркиралишта, со што се прави огромен притисок на нашите паркиралишта, Затоа и пред неколку месеци донесовме одлука да ја зголемиме цената за паркирање за пет денари, но воникој случај Градски паркинг не ја диктира цената за паркирање. За 2021 година не е предвидено зголемување на цените за паркирање, нагласи Јакимовски. 

ВИДЕО: Паркингот на Клинички вратен во нормала, нема трага од „рекетарите“

Тој најави воведување на зонско паркирање во Карпош.

– Штом ќе овозможат временските услови ќе направиме подготовка на теренот за воведување на зонско паркирање во Карпош 1 и 2, исто така кај Лептокарија и Млечен. Размислувавме за оведување на зонско паркирање и во Кисела Вода, во делот кај Расадник, но по направените анкети сфативме дека граѓаните не се согласуваат со таквата идеја, а ние тоа ќе го почитуваме, објасни директорот на Градски паркинг.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот