ВИДЕО | Не била среќна кога пристигнало новото маче: Но, набрзо сè се променило

маче
Фото: Принтскрин/ТикТок

Кога ги гледате сега, нема да ви се верува дека не толку одамна мачката Мус и малото маче Гус не се поднесувале. Всушност, на почетокот нивниот однос во најмала рака бил ладен, пишува „The Dodo“.

Неодамна, сопствениците на мачките споделија симпатично видео на „ТикТок“ кое покажува колку Мус и Гус напредувале во нивниот однос откако се запознале.

Во сега веќе виралното видео може да се види моментот кога Мус првпат го запознава мачето, а нејзината реакција на сите им стави до знаење дека не е воодушевена од новиот цимер. Мус била крајно непријателски расположена, но набрзо сè се сменило.

@hernameisnylah Wait till the end… 🥹 #kittensoftiktok #catsoftiktok #cutecat #homeiswhereverimwithyou ♬ Home – Edith Whiskers

„Искрено, не можевме да поверуваме колку брзо го прифати“, напишаа сопствениците. „Му требаше само еден ден да го земе под своја закрила, па дури и да го надгледува додека спие“, додаваат тие.

Денес, Мус и Гус се најдобри пријатели кои не се одвојуваат еден од друг и се доказ дека и најнапнатите односи со текот на времето можат да прераснат во вистинска љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот