ВИДЕО: НБА рекорд на Јута

Донован Мичел би можел од следната сезона да игра за екипа од Источната конференција/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Тимот од Солт Лејк Сити го собори рекордот кој досега го држеа кошаркарите на Голден Стејт, „џезерите“ постигнаа дури 18 тројки во едно полувреме.

Лидерот во Западната конференција Јута џез немаше милост за Орландо меџик и го декласира со 137:91. „Џезерите“ беа фантастични во првото полувреме во кои поставија нов НБА рекорд по бројот на постигнати тројки. Тие во првите две четвртини постигнаа дури 18 тројки. На крајот најдобар беше Донован Мичел со 22 поени.

Далас маверикс со 109:87 го совлада Вашингтон, а вообичаено најдобар беше Лука Дончиќ со 26 поени и осум скокови. Кај Вашингтон кој настапи без својот најдобар стрелец, се искатка Расел Вестбрук со 26 поени и 14 скокови.

Мајами хит со 115:191 беше подобар од Кливленд, додека Филаделфија ја совлада Минесота со 122:113. Во победничкиот тим по повредата се врати Џоел Ембид кој за 28 минути на паркетот постигна 24 поени и имаше осум скокови. На спротивната страна, Карл-Ентони Таунс имаше одлична вечер со 39 поени и 14 скокови но немаше голема помош од соиграчите.

Резултати:
Вашингтон – Далас 87:109
Детроит – Њујорк 81:125
Мајами – Кливленд 115:101
Филаделфија – Минесота 122:113
Сан Антонио – Индијана 133:139
Јута – Орландо 137:91
Портланд – Оклахома сити 133:85
Сакраменто – Милвоки 128:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот