ВИДЕО: Навивачите на Њукасл во транс, веќе е подготвено и првото засилување

Навивачите на Њукасл имаат големи причини за радост/ фото: EPA-EFE/LINDSEY PARNABY

Англискиот премиерлигаш Њукасл денеска доби нови сопственици и тоа какви, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.


Со преземањето на клубот од Бин Салман, Њукасл ќе стане најбогатиот клуб на светот, и токму таа вест ги фрли навивачите на клубот во транс. На социјалните мрежи има стотици видеа од нивното славје, но тоа не е сè. Со доаѓањето на саудискиот принц во Њукасл, веднаш започнаа шпекулациите за првотго големо име кое ќе ја засили екипата и тоа најверојатно ќе биде Филипе Кутињо.

Интересно е што прв пат кога се појавија информациите дека Мохамед бин Салман е заинтересиран да го купи Њукасл уште во 2019 година, токму името на Кутињо се споменуваше како прво засилување.
За очекување е Кутињо уште во зимскиот преоден рок да пристигне во Њукасл бидејќи Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми и понуда од околу 40-тина милиони евра би била доволна за да се реализира трансферот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот