ВИДЕО: Навивачите на Ѓоковиќ во шок, ова веќе нема никаква врска со спортот!

Забранети се знаци како поддршка за Ѓоковиќ и спомнувањето на името на првиот светски рекет/Фото: Принтскрин/ twitter.com/PatrioticCougar

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе остане во Австралија до понеделник, кога ќе биде донесена конечната одлука дали првиот светски рекет ќе добие можност да настапи на „Австралија опен“.

Турнир моментално се одржува во Мелбурн, како увертира за првиот Грен слем сезонава на кој настапува Шпанецот Рафаел Надал.

Спомнувањето на Ѓоковиќ не е дозволено на терените во Австралија. Воедно на арената „Род Лејвер“ навивачи кои со транспаренти за поддршка на Ноле се обидоа да го проследат мечот меѓу Надал и Беранкис, им беше кажано дека ќе им бидат одземени реквизитите што ги имаа со себе и дека ќе бидат исфрлени од трибините.

– Во арената „Род Лејвер“ не се дозволени знаци на поддршка за Новак. Дали сè уште мислите дека се работи за вашето здравје? – праша еден од фановите на Ѓоковиќ.

Тони Надал со критики кон Ѓоковиќ: Се надевам дека е свесен дека починаа шест милиони луѓе

Ваквите потези, одлуки од организаторите, обезбедувањето на тој турнир веќе немаат никаква допирна точка со спортот и дека нема ни многу поврзаност со здравјето, туку очигледни им пречи што Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.

Откако тие одбија да му го предадат знакот за поддршка на Ѓоковиќ и тврдеа дека не прекршуваат никакви правила, лицето од обезбедувањето им наредило да му го предадат знак кој е „непримерен“ или да ја напуштат арената.

На снимката се гледа дека тие инсистираат да не прекршуваат никакви правила и дека сакаат да разговараат со менаџерот, но тој што ја обезбедува арената им кажува дека тој е главен.

Надал: Ѓоковиќ ги знаеше условите, доколку сакаше, ќе играше на „Австралија опен“

– Добро знаете зошто тој знак е несоодветен – вели лице од обезбедувањето, на кое обожавателите на Новак тврдат дека не знаат и сакаат објаснување.

– Тоа е знакот на Новак – продолжува службеникот за обезбедување.

– Што не е во ред да се поддржи Новак – прашуваат зачудените, по што следува шокантен одговор:

– Тениската федерација на Австралија нареди да се отстранат сите знаци на поддршка за Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот