ВИДЕО: Навивачите на Фиорентина му приредија пеколен дочек на „предавникот“ Влаховиќ

Душан Влаховиќ во Јувентус пристигна од Фиорентина/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

На натпреварот од полуфиналето во Купот на Италија помеѓу Фиорентина и Јувентус кој е во тек, во главната улога е напаѓачот на „старата дама“ Душан Влаховиќ, кој имаше пеколен дочек од навивачите на „виолетовите“.

Влаховиќ во јануари го предизвика гневот на навивачите на Фиорентина откако ја напушти екипата и потпиша за Јувентус и затоа на неговото прво гостување во Фиренца, имаше „жежок“ дочек.


Прво тие пред стадионот подготвија кореографија од познатото дело на Данте Алигиери „Инферно“, а на Влаховиќ ќе му припадне делот од пеколот наменет за измама.


При неговото излегување на теренот на „Артемио Франки“, Влаховиќ беше пречекан со свирежи, кои беа присутни при секој негов контакт со топката.

Видео на денот