ВИДЕО: Навивачите на Барса со порака до Гризман!

Фото: givemesport.com

Каталонскиот клуб се подготвуваат за саботното дерби (21.00 часот, стадион „Ванда Метрополитано“) во најсилното шпанско првенство против Атлетико Мадрид.

Играчите на Барселона ја темпираат формата преку тренинзите, единствен на последниот тренинг кој недостасуваше е првата ѕвезда Лионел Меси кој после репрезентативните обврски со Аргентина доби одмор од тренерот Роналд Куман.

Повторно деновиве е актуелна темата околу односите помеѓу Меси и неговиот соиграч во екипата, екс членот на Атлетико, Французинот Антоан Гризман.

Меси чиј договор истекува наредната сезона рече пред медиумите дека не сака постојано тој да биде проблемот за сето тоа што се случува во клубот, откако претходно екс агентот на Гризман, Олхатс истакна дека Аргентинецот е диктатор и воведува нови правила на „Камп Ноу“.

Навивачите го пречекаа Гризман и му испратија порака: „Почитувај го Меси“.

Неверојатно, во Барселона има незадолни од останувањето на Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот