ВИДЕО: Навивач исфрлен од Индијан Велс, го провоцираше Руд

Редарите го исфрлија несовесниот навивач од трибините/принтскрин/твитер

Во Индијан Велс во САД моментно се одржува „петтиот грен слем“ каде во фокусот во Данил Медведев и неговиот обид да го помине Новак Ѓоковиќ на АТП ранг-листата.

Медведев без поголеми проблеми со 6:2,7:6 го совлада Филип Крајиновиќ во третото коло и дојде на само четири победи од првото место на ранг-листата.
Сепак, во текот денот главна вест не беше рускиот тенисер, туку случувањата на мечот помеѓу Каспер Руд и Лојд Херис. Норвешкиот тенисер збесна среде мечот и бараше од судијата да отстрани еден навивач од трибините.

Имено, додека Руд се подготвуваше да сервира, по кој знае кој пат слушна еден навивач како коментира, по што побара од редарите да го исфрлат несовесниот гледач од трибините.

– Како што се случува? Постојано ме провоцира – објасни Руд, а судијата се согласи со неговото барање.

Навивачот прво негодуваше поради ваквата одлука па почна да ги фотографира редарите, но по негодувањето на публиката ги напушти трибините.
Паузата му помогна на Руд да слави и тоа со пресврт над Херис со 6:7,6:4,6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот