ВИДЕО | Навални ги повика Русите на протест против власта: Не плашете се, излезете на улица

Алексеј Навални
Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

По одредениот 30-дневен притвор, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални повика на масовни протести. Во видео снимка тој побара Русите да излезат на улица во знак на протест поради начинот на кој е постапувано кон него.

– Не плашете се, излезете на улица. Не излегувате за мене, излезете за себе и за својата иднина, рече Навални на видеото објавено на ЈуТјуб, пренесува Гардијан.

Судот во Москва му одреди мерка притвор на Навални до 15 февруари, изјави претходно адвокатот Вадим Кобзев.

Навални беше уапсен вчера на аеродромот Шереметјево поради кршење на условна казна. Тој беше уапсен веднаш по доаѓањето од Германија, каде беше лекуван откако беше затруен со нервен агенс „новичок” – за што западните земји ја обвинуваат Русија.

Тој беше ставен на потерница на 29 декември минатата година.

Рочиштето е закажано за 29 јануари, со цел да се утврди дали ќе се промени условната казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот