ВИДЕО | Наумоски: Банките се стабилни, а инфлацијата е нормална

Синиша Наумоски, банкарски консултант
Синиша Наумоски, банкарски консултант / Утрински брифинг

Парите и правдата се потреба на сите и мора да влеваат доверба. Во банкарскиот сектор влегуваме во една нова година со 13 банки и она што важи за сите е нивната стабилност.

Влегуваме со еден добар перформанс кога е стабилноста на банките во прашање што пак треба да влее деоверба кај граѓаните. Инфлаторните движења се нормална појава и не значи дека влегуваме во дефлаторска појава на денарот во однос на еврото.

Согласно официјалните бројки очекувани се ценовни шокови и на електричната енергија и на храната и тоа се нормални последици во постпандемиски период. Движењето на инфлаторните стапки е нормално. Она што не треба да загрижува се стапката на девизните резерви, стапката на надворешниот долг и сето тоа треба да даде една слика на внимателност.

Мислам дека се подготвува нов финансиски пакет кој ќе вбризгаат нови свежи пари, тоа нема да доведе до некаков голем бум но ќе овозможи да ја преживееме 2022 како и 2021 година.

Јас го поддржувам ставот за окрупнување на банките… Според мене секое окрупнување или иницијативи за окрупнување и за интеграција на банките од Западен Балкан сметам дека треба да се поддржи, изјави за Утрински брифинг банкарскиот консултант Синиша Наумоски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот