ВИДЕО | Научниците снимиле морничаво суштество на дното од океанот: Блиска средба на длабочина од 1.400 метри
Технологијата драматично напредна и им помага на луѓето во сите сфери, вклучувајќи ги и научниците кои ги истражуваат длабочините на морето.
Членовите на експедицијата што го проучуваа ровот Тонга во Тихиот Океан беа решени да откријат што има на неговото дно, па ја спуштија камерата и внимателно набљудуваа, пренесува „Ледбајбл“.
Кога камерата била спуштена на длабочина од 1.400 метри, истражувачите очекувале да наидат на релативно недопрен свет, кој преживува во темнина.
На изненадување на сите, морничаво суштество се појави од никаде директно кон апаратот, верувајќи дека тоа е вкусен оброк. Така тие имаа можност да ја видат внатрешноста на огромната уста и еден куп остри заби.
Д-р Џесика Колбус објасни дека доживеале „блиска средба“ со ајкула од родот „Сомниосус пацификус“ (Somniosus pacificus), која достигнува должина и до 4,4 метри.
„Лесно заклучивме дека се работи за женско. Температурата на водата ја измеривме на 2,5 степени Целзиусови, што значи дека студената средина не ѝ пречи“, вели д-р Колбус.
Ајкулата брзо сфатила дека камерата не е вкусна, па се упатила кон рибата. Уредот не бил уништен и го зачувал необичниот материјал снимен во темните длабочини.
Ајкулата се движела тивко, изгледа како импресивно суштество, а научниците велат дека се храни со риби и октопод. Сепак, нема многу храна на големи длабочини, па овој вид ја складира во својот простран стомак.
View this post on Instagram