ВИДЕО | Научниците предвидуваат: На Тихиот океан му се „бројат деновите“

Тихи океан
Тихи океан / EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Научниците предвидуваат дека во следните 300 милиони години Тихиот Океан ќе исчезне и дека на Земјата ќе се формира нов голем суперконтинент, во циклус кој се повторува на секои 600 милиони години.

Новата симулација на еден „суперкомпјутер“ покажува дека деновите на Тихиот Океан „се одбројуваат“.

Симулацијата се заснова на постојаното движење на тектонските плочи на Земјата.

Сепак, овој океан (најстариот на Земјата) би „постоел“ уште 300 милиони години.

Научниците од Универзитетот Куртин во Австралија веруваат дека Тихиот Океан најверојатно ќе биде „проголтан“ пред да го прослави својот милијардити роденден.

Секоја година тој океан се намалува за неколку сантиметри. Во минатото, овој океан бил дел од последниот суперконтинент „Пангеа“.

Научниците објаснуваат дека секоја година неколку сантиметри од пацифичката плоча се лизгаат под евроазиската и индо-австралиската плоча, со што се намалува растојанието помеѓу континентите Северна Америка, Азија и Австралија.

Не сите научници се согласуваат за тоа како ќе изгледа следниот суперконтинент или како ќе се формира, но во многу симулации Тихиот Океан е „осуден на пропаст“.

Додека некои студии сугерираат дека Атлантскиот Океан, кој во последниве години се шири, би можел да почне да се намалува во иднина, создавајќи суперконтинент опкружен со Тихиот Океан, истражувачите од Универзитетот во Картин не се согласуваат со тие сугестии.

Наместо да се формира втор континент како „Пангеа“, тие тврдат дека светот се движи кон суперконтинент наречен „Амазија“, каде Северна Америка се судира со Азија.

Австралија е изоставена од ова име, но во 4Д геодинамичките модели се чини дека и Австралија игра важна улога во затворањето на остатоците од Тихиот Океан, пренесуваат научните портали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот