ВИДЕО: НАТО започна голема вежба за противракетна и противвоздушна одбрана

Северноатлантската алијанса денеска започна воени вежби за противракетна и противвоздушна одбрана, вклучително и откривање и следење на хиперсонични ракетни, а најголемиот дел од маневрите ќе се одржат крај бреговите на Шкотска и Норвешка. Ова денеска го соопшти прес-службата на НАТО.

„Најголемата и најсложена вежба за противвоздушна и противракетна одбрана „At Sea Demo/Formidable Shield”, започна во сабота (15 мај) заради тестирање на дејствијата на бродовите и авионите за одбрана од разни видови ракети”, соопшти прес-службата.

За време на маневрите, ќе се практикува откривање и следење на траекторијата на летот на субсонични, суперсонични и хиперсонични ракети „што летаат со брзина над 20.000 км на час”, соопштија претставниците на НАТО.

Бродовите и авионите ќе функционираат во режим на размена на тактички информации и координирање на акциите за уништување на ракетите. Вежбата ќе вклучува и испукување наhttps://youtu.be/Kya4j6I_KNQ одредени типови рачни ракети, но Алијансата не прецизира кои.

Во маневрите, кои ќе траат до 3 јуни, ќе учествуваат повеќе од 3.300 војници, 15 бродови и десетици авиони од 10 земји на НАТО. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот