ВИДЕО | Настов: Зимската служба е подготвена и перманентно интервенира

Борис Настов, директор на ЈП Улици и патишта

Обилните врнежи од снег не треба да бидат изненадување за овој дел од годината, но снежната покривка може да дојде ненадејно и да ги покрие градските коловози, а тоа пак знае навистина да предизвика проблеми во безбедноста и одвивањето на сообраќајот, а со тоа и во функционирањето на градот.

Но затоа пак тука е зимската служба на Град Скопје која будно ја следи ситуацијата на терен и доколку има потреба веднаш е подготвена да интервенира во расчистување на поголемите сообраќајници и патни артерии на градското подрачје.

За подготвеноста за брза реакција, капацитетите и ресурсите со кои располага и за тоа дали сме подготвени да ја дочекаме зимата во вистинска смисла на зборот во Утрински брифинг разговаравме со Борис Настов, директор на ЈП Улици и патишта.

-Ние сме спремни, зимската служба функционира од 15. ноември и досега активностите ни беа со дежурства на повик и со мониторинг преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот, но немаше некои посериозни потреби. Перманентно интервенираме, успешно одговараме и реагираме согласно условите, вели Настов.

Според него, покрај ЈП Улици и патишта, во процесот на расчистување на улиците и коловозните површини активно се вклучени и другите јавни претпријатија како што се ЈП Паркови и зеленила, ЈП Комунална хигиена, ЈП Водовод и канализација, како и ЈСП за расчистување на просторот кај автобуските станици низ градот, а мора да се вклучат и куќните совети и фирмите за да овозможат пристап до своите објекти.

-Секоја општина има обврска да склучи договор за зимско одржување на својата територија, рече Настов.

Тој додава дека кога ќе падне снег во Скопје проблем настанува и патот кон Водно, каде се упатуваат голем број возила со несоодветна зимска опрема и го закрчуваат патот до таму па мора да интервенираа ЈП Улици и патишта во расчистување на метежот кој се создава.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот