
ВИДЕО: Наставник од Косово добил отказ оти со деца одел на натпревар каде се скандирало против Вучиќ
Младен Перовиќ, наставник по математика во училиштето „Вук Караџиќ“ во Звечан добил отказ затоа што некому не му се допаѓало тоа што ги носи децата на натпревар на Партизан во Белград.
Препорачано
Младен Перовиќ (33) наставник по математика во ОУ „Вук Караџиќ“ во Звечан Косово добил отказно решение.
Перовиќ е навивач на Партизан и во неколку наврати носел деца од Косово на кошаркарски натпревари во белградската арена.
„Јас работам хуманитарна работа, а тие сакаат да ја свртат како да е некоја лоша работа… Буквално ме срамат. , изјави Перовиќ за српските портали.
Перовиќ раскажа како почнале неволјите околу отказот, што се случил откако ги однел децата на меч меѓу Партизан и Будуќност Подгорица. Беа 170 деца, од кои 85 од Звечан кои јас ги водев, останатите од Лепосавиќ и Зубин Поток“, изјави Перовиќ за „Време“.
Од трибините упатени кон српскиот претседател Александар Вучиќ се слушаа погрдни овации.
Бевме на трибините каде што обично има жестоки навивачи. Во еден момент почнаа скандирањата за претседателот. Тешко е да се каже дали некое од децата се вклучи, особено што оние што јас лично ги водев, од Звечан, се најмладите, главно петто и шесто одделение. На форумот имаше и други луѓе кои дојдоа сами“, изјави наставникот
Директорот на училиштето каде што работел му побарал список со децата кои ги однел на натпреварот.
„Тоа патување во Белград немаше никаква врска со училиште, па мислев дека ме прашува за имиња бидејќи пристигнавме во понеделник наутро од патување и дека некои од децата треба да се оправдаат од часовите.
Образложение за отказното решение
Во отказното решение се наведува дека Перовиќ останал без работа „поради прекршување на работните обврски“ и „непочитување на работната дисциплина“.
Исто така, се тврди дека наставникот внесувал оценки во електронскиот дневник осум дена подоцна од предвидениот рок, дека доцнел на работа и дека ја злоупотребил својата положба како наставник со „несоодветно уредување на училницата развивал насилничко однесување“ и дека ги довел малолетните ученици во контакт со навивачки групи врз основа на „лични афинитети“.