ВИДЕО | Насов: Фотоволтаиците се многу корисни, интерес имаат и граѓаните и државата

Илија Насов/Фото: Слободен печат

Актуелната економска и енергетска криза во светот и кај уште повеќе го наметна прашањето за изнаоѓање и алтернативни и обновливи извори на енергија и ублажување на недостатокот на енергенси кои пак важат и за големи загадувачи на животната средина.

– „Интерсолар“ е најголемиот настан во светот за соларна енергија и јас сум присутен повеќе од 20 години. Работам на проекти на соларна енергија со десеттина најголеми Институти во Европа, изјави во Утрински брифинг Проф. Д-р Илија Насов. –

Тој објасни дека „АЕ Солар“ е германски бред со кој заедно ги презентираат производите.

– Секако дека соларната енергија почнува да има голем интерес и ние како асоцијација оваа проблематика ја дискутираме. Со донесувањето на Законот за енергетика, каде што се донесоа 4 киловати инсталирана снага на крововите и 20 киловати на фирмите, јас говорев – а зошто да не биде повеќе? Причина за тоа беше што секако инсталирањето на фотоволтаици на земјишта има повеќе потенцијални проблеми, вели д-р Насов.

Според него потребна полиберална администривна постапка.

– Фотоволтаиците се многу корисни, корисниците имаат личен интерес, но и државата. Таа прозведена енергија нема ниту царина, ниту ДДВ и е македонски производ, но тука најважно е каде се троши таа енергија. Статистички најмногу енергија трошат зградите, но и најмногу загадуваат со ПМ10 честитчки и ЦО2, ако сами ја произведуваат тогаш нема и да загадуваат. Во Европа и во светот постои концептот на „Nearly zero energy buildings“, но не е доволно фотоволтаиците да бидат само на кровот туку и на јужната фасада и да произведуваат електрична, топлинска и енергија за ладење и тоа е можно, вели д-р Насов.

Целиот разговор погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот