ВИДЕО | Наскоро филм за Џенифер Лопез на „Netflix“: Се обидувам да дадам нешто значајно

џенифер лопез
Џенифер Лопез / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Верните следбеници и обожаватели на латино ѕвездата Џенифер Лопез со нетрпение ја очекуваат премиерата на автобиографскиот филм „Halftime“ кој треба да излезе на 14 јуни на „Netflix“.

Веќе е објавен трејлерот од кој може да се види дека заплетот на филмот ќе каже многу за нејзиниот настап на „SuperBowl“ во 2020 година, по што светската пандемија не затвори во нашите домови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер Лопез таа година доби многу признанија. Таа беше номинирана за „Златен глобус“ за нејзината улога во „Halster“, ја доби наградата „CFDA“ за модна икона, воодушевувајќи го светот откако прошета по пистата на модната недела во Милано облечена во култниот фустан на „Versace“.

„Живеев во очите на јавноста и верував во многу работи што ги кажуваа за мене“, вели Лопез во инсертите од трејлерот. „Имав многу проблеми со самодовербата. Навистина морав да сфатам која сум и да верувам во тоа, а не да верувам во било што друго“, вели таа.

„Ова не го правам награда. Работам на тоа да се поврзам со луѓето и да ги натерам да чувствуваат нешта затоа што сакам да почувствувам нешто“, вели таа и додава дека била многу нервозна пред да настапи на „SuperBowl“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Се обидувам да дадам нешто значајно, не само да тресеме задници“, изјави Лопез за магазинот „Glamour“ „Цел живот се борам да бидам слушната, да бидам видена“, заклучи таа најавувајќи го документарецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck & JLo (@benniferreboot)

Нејзиниот живот во последните месеци повторно е како од филмско платно. Џенифер неодамна кажа „да“ на старата љубов, актерот Бен Афлек.

„Едноставно се чувствувам многу среќно што сум во врска која е полна со љубов и сакам да направам се што можам за да ја заштитам. Тој го заслужува тоа, навистина го заслужува тоа… Сметаме дека тоа е свето“, неодамна изјави Џенифер за „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck & JLo (@benniferreboot)

Да потсетиме, Афлек и Лопез ја раскинаа свршувачката во септември 2003 година пред да се разделат засекогаш во јануари 2004 година. Тие се смирија минатата пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот