ВИДЕО: НАСА симулираше удар на астероид на Земјата, резултатите на никого не му се допаднаа

Илустрација на астероид / Фото: Профимедиа

Моментално не постои технологија на Земјата која би можела да запре голем астероид кој би се удрил во нашата планета, покажа симулација која била спроведена од водечка вселенска агенција.

Вежбата предводена од американската НАСА заклучи дека катастрофата би била неизбежна, дури и ако имаат шест месеци за припрема.

Хипотетичкото сценарио на ударот, кое се одиграло за време на конференција на планетарна одбрана во рамки на Обединетите нации, покажа дека сите влади се неподготвени за ваков вид на катастрофа.

„Ако би се соочиле со такво сценарио во вистинскиот живот, не би можеле да лансираме било какво летало во толку краток рок со моменталните способности“, рекле учесниците на конференцијата, пренесува Индепендент.

Единствен одговор на таков настан би била евакуација на загрозеното подрачје пред ударот на астероидот. Сепак, според симулацијата, зоната на ударот погоди големи делови од Северна Африка и Европа.

Американскиот милијардер, сопственикот на компанијата „Спејс икс“, Илон Маск, рекол дека ваков недостаток на решенија е „една од главните причини зошто ни требаат поголеми и понапредни ракети“.

НАСА веќе работи на технологии за поместување на астероидите од нивниот пат и планира да ја почне првата пробна мисија на својот систем ДАРТ кон крајот на оваа година, кој ќе пристигне до астероидот Диморфос во есента 2022 година. Американската агенција моментално следи околу 25.000 вселенски тела блиску до Земјата, а секоја недела на таа листа додаваат уште околу 30 нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот