ВИДЕО: Напред Македонија – поддршка и од славниот Роналдињо!

Роналдињо/ фото: EPA/Alex Cruz

Од сите страни доаѓа поддршката за најдобрите македонски фудбалери пред настапот на Европското првенство кое за нас ќе започне в недела. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се подготвуваат во Букурешт за првиот натпревар од групата „Ц“ против Австрија.

Славниот Роналдињо (41) исто така со големо внимание ќе го следи претстојниот континентален собир.

Тој денеска преку социјалните мрежи ја испрати поддршката за нашата фудбалска репрезентација на Европското првенство. Ова видео е споделено на Инстаграм профилот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ И ТУКА

– Здраво пријатели. Со среќа на Европското првенство. Напред Македонија – беа зборовите на Роналдињо.

Бразилецот во својата кариера запиша големи успеси, особено со Барселона, а со својата репрезентација беше светски шампион во 2002 година.

ВИДЕО: Роналдо во „невозможна мисија“ – бега од Пандев, Бејл, Мбапе, Лукаку..!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот