ВИДЕО: Наполи подобар од Болоња, Елмас влезе во финишот

epa08808360 Napoli's Victor Osimhen (L) scores the 0-1 goal during the Italian Serie A soccer match Bologna FC vs SSC Napoli at Renato Dall'Ara stadium, Bologna, Italy, 08 November 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

„Наполитанците“ на тешкото гостување во Болоња славеа со минимални 1:0.

Екипата на Наполи дојде до третата победа во последните четири натпревари и се искачи на третото место на табелата со 14 бода.

Човек на одлука беше летното засилување Виктор Осимен кој во 23. минута го постигна единствениот гол на натпреварот по одличниот центаршут на Ирвинг Лозано од десната страна.


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 83. минута на местото на Лоренцо Инсиње.
Екипата на Наполи во наредното коло ја очекува вистински предизвик, на гости им доаѓа лидерот на табелата Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот