ВИДЕО: Наполи останува перфектен во Серија А, асистенција на Елмас за победа

Наполи ја оствари осмата победа во осмиот натпревар во Серија А сезонава/ фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Екипата на Наполи и по осмото коло останува со перфектен скор во Серија А, има осум победи во осум натпревари. Последна жртва на Наполи е екипата на Торино која е совладана со минимални 1:0.

Херој на наполитанците е Виктор Осимен кој го постигна единствениот гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, додека вистински трагичар можеше да биде Лоренцо Инсиње.

Инсиње во 27 минута не реализира пенал, и ова е трет пат сезонава да не погоди од белата точка.

Но, за Наполи да остане со максимален учинок се погрижи Осимен со голот во 81 минута и тоа на асистенција на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој влезе во игра на местото на Инсиње.

Со победата Наполи остана лидер на табелата во Серија А со 24 бода, додека Милан е второпласиран со два бода помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот